19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најмоќниот пикап во светот (фото+видео)

Ова е најмоќниот пикап во светот (фото+видео)

Американската компанија „Ford Motor“ официјално ја покажа својата гама на обновени пикапи „Ford F-Series Super Duty“, моделот за година 2018-та. Во неа влегуваат товарни машини, опремени со 6,7-литарски V8 мотор „Power Stroke“. Ова е исто така најмоќната модификација во светот која е достапна во овој сегмент.

Според официјалните податоци, модернизираниот мотор 6.7 Power Stroke V8 може да генерарира 450 КС и 1267 Nm вртежен момент. Рекордниот показател во сегментот се постигнува благодарение на обработка на главата на цилиндерот и на новите поставувања. Споредено со претходната верзија, моќта се зголемува за 10 КС, а вртежниот момент за 13 Nm.

Треба да се напомене дека по промената, обновениот „Ford F-Series Super Duty“ веќе успева да ги надмине по моќност своите главни конкуренти на американскиот пазар – „Ram 3500 HD“ и „Chevrolet Silverado HD“.

Компанијата додава дека машината може да влече тежина поголема од 15.400 килограми, а и има капацитет на товар над 3300 кг, а ова е најдобриот показател во овој сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП