25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршена вила сокриена во Малме (фото)

Совршена вила сокриена во Малме (фото)

Шведска и нејзините скандинавски соседи се познари по своите сауни и базени…

Од надворешната страна, имотот кој сега ќе ви го претставиме можеби не делува специфично, но ова е еден од случаите во кој изгледот „лаже“.

Оваа приватна луксузна резиденција која е неодамна ставена на продажба во прекрасниот град Малме има апсолутно совршен базен. Резиденцијата го добила името благодарение на базенот, па е наречена Pool Paradise, а има околу 200 квадратни метри животен простор. Нејзината цена е 1,4 милиони долари, што е многу разумна цена, со оглед на луксузните погодности кои ги содржи и имотот кој ја опкружува.

Одлично декорираниот ентериер на оваа вила е исполнет со природна светлина, а тука се и прозорите од подот до таванот, како и вратата и подот од квалитетно дрво. Во екстериерот ве очекува простор за скара во комбинација со трпезариски дел на отворено, додека кујната во внатрешноста е многу пространа со мермерни плочи и прекрасни елементи.

Вегетацијата која го опкружува овој имот, особено околу базенот, создава параван кој ќе ви овозможи приватност и ќе ве сокрие од љубопитните погледи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП