25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТешка група за селекцијата У-19 во елитните квалификации

Тешка група за селекцијата У-19 во елитните квалификации

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години, ги дозна имињата на противниците во елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Денешната ждрепка не им беше премногу наклонета на избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ. Македонија беше еден од носителите на ждрепката, во елитните квалификации ќе игра во Групата 2 против Англија, Унгарија и Летонија.

Група 1: Германија, Холандија, Норвешка, Шкотска
Група 2: Македонија, Англија, Унгарија, Летонија
Група 3: Чешка, Италија, Грција, Полска
Група 4: Романија, Украина, Шведска, Србија
Група 5: Португалија, Република Ирска, Словачка, Косово
Група 6: Шпанија, Франција, Белгија, Бугарија
Група 7: Данска, Австрија, Турција, Босна и Херцеговина

Пласман на Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Финска ќе изборат само победниците на седумте групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП