19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАBilxa Bargeld & Teho Teardo ќе ја доловат длабочината на црното со...

Bilxa Bargeld & Teho Teardo ќе ја доловат длабочината на црното со концерт во Македонската филхармонија

Во Македонската филхармонија во сабота (9 декември) ќе се одржи концерт на Bilxa Bargeld & Teho Teardo, фузија на двајца музичари кои ја претставуваат оската Рим – Берлин.

Концертот кој е во организација на МКЦ, е всушност промонција на нивнот нов материјал што следува три години по деби албумот „Still Smiling“.

Новиот албум кој е полод на соработката на Teho и Blixa носи наслов „Nerissimo“ и претставува резултат на посебна поврзаност и уметничка и лична, каде двајцата музичари пронаоѓаат нов облик на нивна креативна блискост за да можат да откриваат нови светови.

„Nerissimo“ на италијански е суперлативна форма за придавката „црн“ („најцрниот“) бидејќи, како што велат организаторите, има нешто многу црно околу музиката на ова издание. Насловната песна „Nerissimo“ има две верзии, англиската го отвора албумот, а италијанската го затвора, заокружувајќи го албумот како крај на една книга.

Посебно во нивната нова соработка е користењето на дрвени дувачки инструменти, особено бас-кларинетот којшто игра длабока и многу значајна улога во неколку од новите песни. Заеднички нивниот звук создава заоблен фрекфенциски спектар за топло да го обвие и поткрепи нискиот милозвучен глас на Blixa.

Blixa Bargeld е роден во 1959 година во Западен Берлин. Како самоук артист, тој работи како пејач, писател, композитор и режисер. Дел е и од „Nick Cave and the Bad Seeds“, како гитарист, повеќе од 10 години и е предводник и основач на „Einstürzende Neubauten“ од 1980 година. Во моментов живее на релација Сан Франциско – Берлин – Пекинг.

Teho Teardo е музичар, композитор и дизајнер на звук кој живее во Рим. Негово дело е музиката за неколку филма од режисери добитници на наградата „Оскар“ како Паоло Сорентино и Габриеле Салваторес. Има добиено повеќе награди за неговата музика, како Наградата „Enio Morricone“ и Наградата „David Di Donatello“.

Концертот во сабота е закажен за 20 часот, а билетите по цена од 600 денари може да се набаватво Југотон, 1/2 Југотон и на Билетарницата на МКЦ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП