24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Аеродром се исчистени 27 депонии и уредени се 22 зелени површини

Во Аеродром се исчистени 27 депонии и уредени се 22 зелени површини

Во рамките на големата екоакција во соработка со Град Скопје санирани се 27 депонии и уредени 22 зелени површини на територијата на општина Аеродром. Расчистени се 8 локации во населбата Јане Сандански, 4 во Ново Лисиче, 5 во Реонски центар – Аеродром и Лисиче и 10 во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.

Екоакцијата почна во четвртокот (29.11) и траеше до понеделникот (4.12). Во неа учествуваа сите јавни претпријатија на Град Скопје. На терен работеа околу 1.000 луѓе и беше обезбедена соодветна опрема и механизација.

Општина Аеродром продолжува со санирање на другите локации, како и со тековно уредување на сите јавни површини.

Истовремено, комуналните инспектори редовно интервенираат за да нема повторно собирање отпад. Во таа насока ги охрабруваме граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број 076 316 515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и викенди, односно се достапни секој ден од 8 до 22 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП