29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Ограничениот даночен ефект врз економијата

График на денот: Ограничениот даночен ефект врз економијата

Дали сакате да ја зајакнете економијата со намалување на даноците? Не постои начин! Сакате да ја oживеете економијата со воведување повисоки даноци? Не можете!

Даночната политика не е одржлива алатка за управување со економијата на еден или друг начин. Вистинското влијание на даноците врз состојбата на економијата е практично нула, покажуваат голем број на студии.

Една од нив се следи преку податоците собрани од економистите Џоел Слемрод од Универзитетот во Мичиген и Џон Баки од Колеџот „Вилијамс“. „Постојат огромни промени во даночната политика во целата историја на САД при практично незначителна промена во стапката на раст“, вели економистот Вилијам Г. Гајл во заклучоците во статијата за „Brookings Institute“.

Ова повикува да го ставиме под знак прашалник што се обидува да постигне претседателот на САД, Доналд Трамп, кога се обидува да го намали вкупниот даночен товар. Даночната реформа се прави со искажаната цел да ја поттикне економијата, но е многу веројатно да не успее да ја постигне својата цел – ако биде усвоена во сегашната или слична форма – и ако не се преземат други промени во даночната или расходната политика.

Временските периоди прикажани во графикот се многу различни во однос на даночните приходи. Од 1868-ма до 1912-та немало данок на приход во САД. Од 1913-та година до 1950-та година се воведени даноци на доход, имотот и платите и се прошируваат корпоративните даноци. И во 1950-та година, САД влегоа во нов период со постојано повисоки даноци.

Дали даночната политика е остварлива алатка за (пре) дистрибуција на богатството во одредена економија, е друго прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП