25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги престигнува САД, станува најголем увозник во светот до 2022

Кина ги престигнува САД, станува најголем увозник во светот до 2022

Преминот на економскиот модел кој повеќе се потпира на домашаната потрошувачка би можел да влијае на тоа, за пет години, Кина да стане најголем светски увозник, според истражувањето на инвестиционата компанија „China International Capital Corporation“.

Кина веќе долга низа години е на вистинското место како најголем светски потрошувач на суровини, делови и опрема, но кога станува збор за стоката за широка потрошувачка, таа се уште доста заостанува зад САД.

Кинескиот увоз од Азија, Африка, Океанија, Јужна Америка и Источна Европа веќе го надмина увозот на САД, а доколку овој тренд се задржи, Кина веројатно ќе ја надмине најголемата светска економија, прогнозираат економистите.

Растот на увозот е последица од постепениот премин на Кина од извозно ориентирана економија на модел кој се заснова на потрошувачката.

Аналитичарите, тврдат, дека очекуваат дека Кина ќе увезува повеќе стока за широка потрошувачка отколку индустриски материјали, бидејќи најнаселената држава станува најголемиот потрошувачки пазар во светот.

Кинеските потрошувачи имаат и се поголем апетит за егзотични производи, што ја поттикнува експанзијата на увозот, се наведува во истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП