18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГо шират бизнисот за 50 отсто: Работа за 250 лица

Го шират бизнисот за 50 отсто: Работа за 250 лица

Американската банка Goldman Sachs ќе вработи околу 250 луѓе во Полска, за да го прошири својот тим во таа земја за повеќе од 50 проценти во 2018 година.

Тоа го изјави шефот на одделението за банкарската технологија во Полска.

Банката од Волстрит има намера до крајот на наредната година бројот на вработени во Полска да го зголеми на меѓу 750 и 800 од 525 лица, пренесува Ројтерс.

Новите работни позиции ќе бидат отворени во секторот на банкарската технологија, управување со ризиците и човековите ресурси.

Втората американска банка „JP Morgan Chase“ најави вработување на повеќе од 3.000 лица во својот нов центар за глобални операции во Полска.

Банката „Goldman Sachs“, исто така, би требало да го потпише договорот за закуп на новите канцеларии во Милан, со што ќе го зголеми присуството во Италија, тврдат неименувани извори запознаени со ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП