20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку долго смеете да ги користите капките за нос

Колку долго смеете да ги користите капките за нос

Во сезоната на вируси, капките за нас ни се сериозен „сојузник“. Еве колку долго смееме да ги користиме.

Групата лекови кои служат за спречување на прекумерното лачење на секрет од носот се локални назални деконгестиви.

Доаѓаат во облик на капки, a во последните години во облик на спеj за нос коj е помалку непријатен за користење бидејќи не допира до ждрелото, а притоа е и поефикасен бидејќи рамномерно ја обложува носната слузница за разлика од класичните капки.

Овие лекови, без оглед дали станува збор за капки или спееви, не ја лекуваат причината, туку само ги ублажуваат симптомите на болеста.

Но, имајте на им дека иако се многу корисни бидејќи носат моментално олеснување, не смеат да се користат подолго од седум дена, некои дури само три дена, а тоа е наведено во нивното упатство. Во спротивно, кога ќе престанете да ги користите симптомтие во вид на затнат нос и секрет од носот ќе бидат значително полоши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП