19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку е здраво сувото овошје?

Колку е здраво сувото овошје?

Изборот на суво овошје, кое повеќе се консумира зимно време, навистина е разновиден. Но колку тоа е навистина здраво?

Сувото овошје е богат извор на антиоксиданси, фолна киселина и витамини од групата Б.

Истражувањето спроведено на 13.000 лица покажа дека испитаниците кои консумирале сушено овошје имале подобар внес на хранливи состојки од оние кои не го консумираат.

Меѓутоа, секогаш би требало да имате на ум дека овој вид на намирници е богат и со природни шеќери, што е корисно за спортистите на кои им е потребен брз внес на енергија, но внимателни би требало да бидат сите кои генерално треба да внимаваат на внесот на шеќер, јаглени хидрати и калории.

Тоа не значи дека во целост треба да го избегнуваат сувото овошје, туку би требало да го консумираат во ограничени количини. На пример, шолја свежо грозје содржи 26 грама шеќер, а истата количина на суво грозје содржи 116 грама што е за пет пати поголем износ.

На овие кои не треба во голема мера да внимаваат на внесот на шеќер, јаглени хидрати и калории, им се препорачува половина шолја од ова овошје дневно, а на сите кои мораат да внимаваат две лажици.

Сушеното овошје е често одлична опција за појадок со јогурт или овесна каша, а може да биде и квалитетна ужинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП