20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОваа особина е потребна за успех на високите позиции

Оваа особина е потребна за успех на високите позиции

Веројатно сте присуствувале на вакво сценарио на работното место: вашата компанија вработува „аутсајдер“ на висока позиција за да донесе свежо месо и да ја освежи работната атмосфера. Можно е новиот менаџер да доведе и неколку верни соработници со себе за да му помогнат.

И тогаш започнуваат маките. Нивниот или неговиот говор на тело кажува: „Ние ќе ви покажеме како да работите бидејќи очигледно е дека ви беше потребна нашата помош. Тие повеќе зборуваат отколку што слушаат на состаноците и често споменуваат ако нешто работеле во претходната компанија. Истотака, не се заинтересирани да ја откријат културата на новата средина и да се запознаат и да градат врски со другите водичи во организацијата.

Тие можат да преживеат, но извесно е дека ќе бидат избркани по само неколку месеци.

Постои уметност за преминување на нова рбаота, а неа најдобро ја опиша извршниот директор на Olympus корпорацијата кога кажа дека тоа е „вклучување во сообраќај“.

„Ние сме колегијална група и нема да успеете доколку сте аутсајдер и ако се обидувате веднаш да ја менувате компанијата. Морате да се вклучите во сообраќајот. Не смеете низ густ сообраќај да возите со 100 километри на час. Ако го направите тоа, ќе доживеете несреќа“.

Оваа вештина на многумина им недостига, но големите и вистински лидери ја поседуваат и негуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП