29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.12.2017

Дневен хороскоп 05.12.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вашата упорност двојно ќе ви се исплати. Немојте да се откажувате од целите кои сте ги зацртале. Во љубовта имате голема желба да бидете со лицето кое ви се допаѓа од неодамна.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можете да имате мали проблеми во комуникацијата со деловното опкружување но тоа брзо ќе се реши. Константната напнатост која ја чувствувате не се одразува позитивно на односот со саканото лице.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе успеете да дојдете до значителен напредок на работа. Посакувате промени во љубовта. Наскоро на слободните им доаѓа нова шанса за врска.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да очекувате солидна атмосфера кога станува збор за деловното опкружување, немате поголеми проблеми. Во љубовта денес очекувајте добар однос со саканото лице.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Немојте да очекувате премногу промени денес бидејќи состојбата на деловен план ќе ви биде генерално мирна. Во љубовта важно е да бидете сосема отворени кон саканото лице без да се срамите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Периодот не е поволен за склопување на нови договори но и усмени договори. Лесно ќе направите грешка. Во љубовта ќе имате проблем во комуникацијата со саканото лице, а тоа ќе ви создаде револт.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате доста обврски и можете да очекувате дека денешниот ден ќе ви биде прилично напорен. Во љубовта можна е врска со лице кое ќе го сретнете во деловниот свет поврзано со вашата професија.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Важно е да останете доволно одмерени во комуникацијата со деловното опкружување. Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од паметот. Во љубовта за слободните доаѓа ново познанство.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Склони сте на донесување на непромислени одлуки кои многу ќе ве чинат. Бидете малку повнимателни. Во љубовта не сте задоволни со состојбата со саканото лице.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекува ненадеен пресврт на деловен план, кој ќе ве фати неподготвени. Можно е да бидете принудени да ја промените стратегијата. Во љубовта ќе дознаете некои информации за саканото лице кои нема да ве воодушеват.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денот е поволен за деловна соработка со лицата кои се родени во огнен знак, а особено со Стрелец. Во љубовта чувствувате фатална привлечност кон лицето кое го среќавате речиси секој ден.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можна е некоја ненадејна добивка. Ве очекува многу позитивен сплет на околностите. Во љубовта ова е поволен ден за љубов. Можете да се надевате на романтични случувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП