19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗајакнете ги своите лидерски способности

Зајакнете ги своите лидерски способности

Повлечените лица многу тешко себе си се гледаат на лидерските позиции, но тоа не значи дека немаат лидерски способности, само мораат да „извежбаат“ некои обрасци на однесување. Ви претставуваме неколку совети.

1. Ослободете се во разговорите „лице во лице“

Повеќето интровертни лица всушност добро функционираат во комуникацијата „еден на еден“. Затоа добра идеја е да продолжите да работите на развивањето на таа вештина за да ја усовршите. Ваквиот вид на комуникација бара внимателно слушање и активно учествување во разговорот, што ќе ве направи подобар лидер.

2. Станете иницијатор на разговорот

Можете да се опуштите во текот на разговорот со луѓето кои ги знаете, но многу ретко вие сте иницијатор на тој разговор. Токму една од најголемите слабости на интровертните личности е тоа што не преземаат иницијатива. Тоа е токму она што сакате да го промените, затоа први обратете му се на некој и започнете го разговорот.

Кога веќе се наоѓате на некоја лидерска позиција, прашајте ги колегите за нивните идеи, иницирајте разговор, информирајте ги за идните цели и деловниот напредок. На почетокот тоа нема да биде лесно, но со тек на време и пракса ќе стане многу подобро.

3. Ризикувајте

На добриот лидер не му е страв да ризикува, а поимот „зона на комфорот“ не е термин со кој таквата личност се поврзува. Поставете си сами на себе си предизвици, немојте да се плашите да бидете во прв план бидејќи подобро е што порано да се запознаете со се она што се наоѓа надвор од вашата зона на комфор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП