16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарсениќ од Вардар се сели во Фуксе Берлин

Марсениќ од Вардар се сели во Фуксе Берлин

Мијајло Марсениќ ја одработува последната година од договорот со РК Вардар, а од денес е познато чиј дрес ќе го носи во сезоната 2018/2019. Српскиот репрезентативец, кој имаше неколку понуди, меѓу кои и онаа на финансиски моќниот ПСЖ, се реши за бундеслигашот Фуксе од германската престолнина Берлин.

Во исто време кога го промовираа Марсениќ, од германскиот клуб објавија дека во јануари Петар Ненадиќ ќе се пресели во Веспрем.

Марсениќ е уште еден играч на Вардар за кој уште сега се знае дека наредната сезона нема да го носи црвено-црниот дрес, Пред него договори со други клубови потпишаа Лука Циндриќ (Кјељце), Арпад Штербик (Веспрем), а заминува и тренерот Раул Гонзалес (ПСЖ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП