25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЛекција за лидерството која можеме да ја научиме од волците

Лекција за лидерството која можеме да ја научиме од волците

Ова е една од сликите кои одамна кружат нa интернет, а толкувањето на оваа слика е повеќе од интересно и може да се примени и на луѓето.

Како функционира еден чопор волци:

– Во чопорот волци, трите волци кои одат најнапред се болни и стари. Се движат најнапред за да го диктираат темпото на групата, за да не бидат оставени.

– Зад нив одат пет волци, кои се најсилни и најдобри, и имаат задача да ја штитат предната страна во случај на закана.

– Оние кои се во средина како женки, младенчиња, послаби и помлади мажјаци секогаш се заштитени од било каков напад.

– Потоа зад нив оди групата волци која исто така се состои од неколку најдобри и најсилни волци. Тие имаат задача да ги заштитат оние кои се во средина на колоната, во случај на напад.

– Последниот волк во колоната е ЛИДЕРОТ. Тој се грижи за тоа никој да не биде оставен. Се грижи групата да биде компактна и на ист пат. Секогаш е подготвен да дотрча во било која насока за ја заштити целата група.

Со овој пример неколку филозофи опишаа што значи да се биде вистински лидер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП