29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКористите луфа за туширање?

Користите луфа за туширање?

Доколку ја користите, важно е да знаете колку често треба да ја менувате.

Колку често би требало да ја менувате луфата за бањање? Веројатно почесто од тоа што мислите!

Не е важно дали користите луфа или сунѓер за бањање, но би требало да обратите внимание на нивното одржување.

Иако веројатно повеќето луѓе една луфа или сунѓер ги користат со месеци, не би требало тоа да го правите.

Дерматолозите велат дека луфата би требало да ја менувате на секои три недели, а сунѓерот на шест недели.

Меѓутоа, доколку започнат да мирисаат на влага или мувла или доколку појавуваат некои надворешни промени, би требало веднаш да ги замените.

Докторите велат дека овие предмети се повеќе од идеално место за развој на бактерии кои можат да предизвикаат иритација или инфекција.

Добра вест е дека можете да ги перете во машина за садови и така да им го продолжите рокот на траење до три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП