18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Ја одбив Италија, не би работел во Јувентус

Анчелоти: Ја одбив Италија, не би работел во Јувентус

Познатиот тренер Карло Анчелоти потврдил дека Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) му понудил да биде селектор на националниот тим.

Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, откако во бараж двомечот загуби од Шведска. По тој дебакл, кој според многумина може да има несогледиви последици за италијанскиот фудбал, отказ доби селекторот Џампјеро Вентура.

Како прв кандидат според логиката на нештата се наметна искусниот Карло Анчелоти.

„Да, Сојузот ме контактираше, разговарав со луѓето и им го кажав истото, дека е чест за мене што толку луѓе ме гледаат како селектор на Италија. Меѓутоа тоа би била поинаква работа. Да се биде селектор и тренер во клуб не е исто, а јас се уште уживам во секојдневната тренерска работа. Италијанскиот фудбал исто така има некои проблеми кои треба да бидат решени“, изјавил Анчелоти за „Ла Доменика“.

Според него несогласувања помеѓу клубовите и Сојузите има и во Германија, Франција, Англија, но смета дека италијанскиот Сојуз сега треба да им ја покаже својата моќ на клубовите и да воспостави нови правила.

Анчелоти смета дека Серија А треба да биде скратена за два клуба, односно наместо сегашните 20 во иднина повторно да брои 18 екипи.

Тренерот кој има титула во Лигата на шампионите со Милан и Реал, потврдил дека е поврзуван со многу екипи, но со никого немал конкретни разговори.

„Ме поврзуваа со Хрватска, Саудиска Арабија, Кина, милан. Никогаш не сум разговарал со некој преставник на Милан“, рекол Анчелоти.

Карло Анчелоти не знае каде ќе оди, а веќе знае каде не би работел.

„Не би отишол во Јувентус“.

Анчелоти доби отказ во Баерн по поразот од 3:0 во Лигата на шампионите од ПСЖ. Како што вели најверојатно до крајот на сезоната нема да работи никаде кога и ќе му заврши договорот со клубот од Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП