25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА удира на „камен“ во изнаоѓањето спонзори за СП во Русија

ФИФА удира на „камен“ во изнаоѓањето спонзори за СП во Русија

Наоѓањето спонзори за Светското првенство во 2018-та година во Русија е тешка задача, пишува „CNN Money“.

Екипите од 32 земји во петокот дознаа со кого ќе играат во рамките на првенството, но само шест месеци пред почетокот на настанот „ФИФА“ се бори со проблеми со наоѓање на компании кои се подготвени да потрошат милиони долари за позиционирање на реклами.

Брендовите се одбиени од корупцискиот скандал во 2015-та година, во кој беше вклучен повисокиот менаџмент на „ФИФА“, вклучувајќи го и поранешниот генерален секретар Јозеф „Сеп“ Блатер, велат аналитичарите.

Политички прашања, вклучувајќи ги санкциите против Русија во 2014-та година по анексијата на Крим и обвинувањата за влијание врз американските претседателски избори во минатата година, исто така, не помагаат особено во оваа ситуација.

„Сè уште има големи договори, но тие бележат пад“, изјави Патрик Нали, консултант за спортски реклами, кој претходно работел за „ФИФА“. „Големите корпоративни имиња се повлекуваат и се заменуваат со политичките играчи“, додава тој.

„ФИФА“ го дели спонзорството во три групи: „Партнери“, „Спонзори на Светскиот куп“ и „Регионална поддршка“.

Групата е пополнета со седум од осумте слота за партнерства пред првенството во Русија во 2018-та година. Дел од западните компании, кои предтоа биле партнери на „ФИФА“, и овој пат се на линија, вклучувајќи ги „Coca-Cola“, „Visa“ и „Adidas“.

Но, новите се ограничени на „Qatar Airways“ и „Газпром“. Кинеската компанија „Wanda Group“ е меѓу новите имиња на листата.

Втората група спонзори е половина полна, а тука се ветераните „McDonald’s“ и „Budweiser“, на кои им се приклучија две кинески компании: производителот на смартфони „Vivo“ и производителот на електроника „Hisense“.

Западните брендови „Continental“, „Castrol“ и „Johnson & Johnson“ се повлекоа откако решија да не ги обноват своите договори во 2015-та година.

Најголемиот предизвик за „ФИФА“ е да се најде „регионална поддршка“. Досега само една компанија влезе во оваа листа – руската „Alfa Bank“.

„ФИФА“ соопшти дека очекува повеќе бизниси да се приклучат следната година, но одби да коментира повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП