23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSaleen имаше премиера на својот нов модел - S1 (фото+видео)

Saleen имаше премиера на својот нов модел – S1 (фото+видео)

Американскиот производител „Saleen“, кој веќе е дел од кинескиот „Jiangsu Saleen Automotive Technologies Group“ (JSAT), го претстави својот нов „S1“ модел во саемот во Лос Анџелес.

Купето со две врати се базира на „Artega GT“ и се напојува со мотор со турбо полнач создаден од „Saleen“. „Saleen S1“ е изграден врз алуминиумска шасија, а каросеријата е од композитни материјали. Моторот е 2,5-литарски, 4-цилиндричен со турбо, со 457 КС и вртежен момент од 475 Nm.

Пренос е механички со 6 брзини. Во подоцнежна фаза, клиентите ќе можат да нарачаат автоматски менувач на воланот. Тежината на „S1“ е 1.218 килограми, максималната брзина му е 290 км/ч, а спортскиот автомобил забрзува од 0 до 96 км/ч за 3,5 секунди.

На почетокот производството на „S1“, првата серија ќе се составува во САД. Целиот процес потоа ќе биде префрлен во фабриката на „JSAT“ во близина на Шангај. Првите испораки на клиентите започнуваат во текот на летото, а основната цена на „S1“ ќе биде 100.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП