20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСок кој ги ублажува симптомите на менопауза

Сок кој ги ублажува симптомите на менопауза

Сега имате повеќе причини да уживате во сокот од домати! Имено, две чаши дневно ги ублажуваат симптомите на менопауза…

Научниците од Јапонскиот Универзитет во Токио спроведоа истражување со кое потврдија дека две чаши сок од домати дневно ги олеснуваат здравствените тегоби кои се јавуваат во периодот на менопауза.

Истражувањето е спроведено во текот на осум недели, а во него учествувале 93 жени во менопауза.

Жените кои дневно консумирале по две чаши од по 200 милилитри сок од домати имале значително помали проблеми со тешкотии, нервоза, зголемена температура и сличните проблеми кои се јавуваат во менопауза.

Јапонските научници исто така тврдат дека сокот од домати го поттикнува и согорувањето на калории и отстранувањето на проблемите со холестеролот.

Резултатите од истражувањето се објавени во научниот магазин Nutrition Journal.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП