29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасен имот кој маѓепсува (фото)

Прекрасен имот кој маѓепсува (фото)

Овој имот е познат како најубавиот, најновиот и најголемиот на островот Белведере…

Прекрасната вила е ставена на продажба. Оваа величенствена вила претходно беше ставена на продажба со цена од 45 милиони долари, а сега нејзината минимална аукциска цена е 25 милиони долари и ќе се продаде без никаков проблем.

Ова место е едно од оние места кои ќе ве маѓепсаат, со својот поглед на вода, тоа е нешто најдобро што може да ви се случи. Доколку сте мислеле дека животот не може да ви биде подобар, замислете се себеси како сопственик на овој дом, кој гледа на волшебниот залив на Сан Франциско, Голден Гејт мостот, Алкатраз и Саусолито од речиси секоја соба.

Се наоѓа на престижниот јужен брег на островот Белведере во заливот на Сан Франциско и зазема речиси 1500 метри квадратни простор, на 1.14 хектари. За дизајн на оваа вила, за нејзино одобрување и градење било потребно речиси 30 години.

Вилата „Belvedere“ е комбиниран труд на 24-те најпознати дизајнерски компании на подрачјето на Сан Франциско.

Оваа вила е дизајнирана да ја покаже својата моќ и елеганција, а се состои од 7 спални соби, 9 полни бањи и две полу-бањи, луксузен мастер апартман, теретана и сауна, домашно кино, а тука е и лифтот кој оди до сите три нивоа, гаража за три автомобили, и секако затворен премин со паркинг за 15 или повеќе автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП