18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКој поправедно ги одредува платите - мажите или жените?

Кој поправедно ги одредува платите – мажите или жените?

Жените директори поправедно ги одредуваат платите на своите работници, но се помалку великодушни во однос на зголемување на платите, покажаа истражувањата.

Разликите во платите меѓу половите во компаниите во кои жените се на главната позиција се намалени од 85 на 35 проценти, се наведува во истражувањето објавено во весникот Фигаро.

Жените, сепак, се поскржави во поглед на висината на платите, бидејќи, според податоците објавени во истражувањето, платите во компаниите во кои жените се главни, се пониски во просек за 2,5 до 3 проценти отколку во компаниите во кои мажите се на главната позиција.

Во истражувањето како причина за помалите плати од страна на жените директори се наведува фактот дека барањата на жените се поскромни отколку на мажите, но и фактот дека тие во ретки случаеви се на чело на престижни компании, како и фактот дека се запрени во тие потфати поради половата нееднаквост.

Жените успеваат во 35 до 42 проценти од случаите да добијат согласност за зголемување на платите, а мажите во 55 проценти од случаите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП