25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените го напуштаат HTC

Вработените го напуштаат HTC

htc

„HTC“ е во големи проблеми во последниве години и во компанијата се надеваат дека најновиот телефон „HTC One“ би можел да претставува светло на крајот од мрачниот тунел. Меѓутоа изгледа дека тие се на работ на нови маки. Или „HTC“ сака да ги прочисти своите редови или вработените сами решиле да ја напуштаат компанијата.

Компанијата досега ја напуштија Коџи Кодера (дирекорот задолжен за производи), Џејсон Гордон (директорот за комуникација), Ребека Роланд (глобален маркетинг менаџер), Џон Стракведер (директор за дигитален маркетинг) и Ерик Лин (задолжен за стратешки прашања).

Во случајот со Ерик Лин, тој по заминувањето од компанијата на својот Твитер профил напишал – „ Сите мои пријатели кои се уште сте во „HTC“, дајте отказ. Напуштете ја компанијата. Знам дека е тешко тоа да го сторите, но верувајте ми ќе бидете посреќни“.

Како што пишуваат одредени медиуми „HTC“ можеби дошла до самото дно и компанијата мора да сфати дека луѓето ги купуваат производите поради нивните функции, а не поради квалитетот. „HTC“ прави одлични телефони, но не успева да ги привлече вистинските купувачи, обичните луѓе кои кај телефонот бараат многубројни функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП