19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа да бидете здрави и убави - јадете моркови

За да бидете здрави и убави – јадете моркови

Хранливите материи кои се наоѓаат во овој вкусен зеленчук можат значително да влијаат на вашето здравје и убавина.

Во исхраната најмногу се употребува коренот на морковите, кој може да порасне и до 40 сантиметри, а цела оваа билка е многу богата со каротен (од каде доаѓа и неговата портокалова боја).

Супстанцата каротен има широк спектар на благотворни дејства за човековото тело, а можеби најголемата преднос е во тоа што од неа настанува витаминот А, кој е одговорен за пигментацијата и квалитетот на кожата, косата и ноктите.

Каротенот, покрај тоа, ја подобрува и работата на црниот дроб, желудникот, срцето и цревата, а одамна е познато дека морковите се една од најделотворните намирници за здравјето на очите.

Овој зеленчук е идеална храна за чистење на телото и помага во лекувањето на полиартритис, остеопороза, проблеми со варењето, изметот и хемороидите.

За овие случаи најчесто се препорачува свеж морков послужен во облик на сок – така полесно се вари. Експертите напоменуваат дека морковот има значително бактерицидно дејство, па би било корисно да го промучкате во устата пред да го испиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП