20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија има претставник во бордот на директори на ИТКФ

Македонија има претставник во бордот на директори на ИТКФ

Македонскиот каратист, Дејан Недев, на генералното собрание на Светската карате федерација (ИТКФ) е избран за нов член во бордот на директори на највисокото тело на ИТКФ.

Ова е големо признание и успех како за Дејан така за Македонија и македонското карате, затоа што за првпат Македонија ќе има свој преставник на вака висока позиција во ИТКФ.

На генералното собрание ИТКФ доби и нов претседател откако досегашниот Ричард Јоргенсен од Канада реши да се повлече од функцијата. Нов претседател на ИТКФ е Бразилецот Жилберто Гартнер од Бразил.

За претседател на техничката комисија е избран Ричард Јоргенсен, а меѓу останатите пет членови на оваа стручна комисија е и Венцислав Недев. Исто така, на состанокот беше одлучено да Венцислав и Дејан Недев во иднина бидат официјални преставници и преговарачи на ИТКФ со Меѓународниот олимписки комитет.

Инаку од утре па се до недела во Монтекатини, Италија ќе се одржат натпреварите на Обединетиот светски шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, а Македонија ќе ја преставуваат 10 натпреварувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП