20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Golf ќе го чини Volkswagen дури 3 милијарди евра

Новиот Golf ќе го чини Volkswagen дури 3 милијарди евра

„Volkswagen“ соопшти дека во погонот на Волфсбург ќе инвестира 3 милијарди евра, со цел фабриката да ја подготви за производство следната, осма генерација на моделот „Golf“.

Како што рекоа во германскиот авто-гигант, овие средства ќе бидат насочени во замена на опремата и алатките во производниот погон, како и новиот центар за дизајн и техничкиот развој на возилото.

Од „Volkswagen“ велат дека овие вложувања ќе помогнат да се осигура долгорочна бизнис иднина на брендот.

„Одобрените средства за развој на возилата на марката „VW“ и нашата фабрика значи дека иднината на компанијата е сигурна, без оглед дека таа ќе се заснова на електричните автомобили или моделите со конвенционали мотори“, рече еден од функционерите на компанијата, Бернд Остерлох.

Според претходните најави, „Golf 8“ би требало да биде претставен во 2019-та година, а лансирањето на новата генерација временски ќе се поклопи со појавата на електрични возила на „Volkswagen“, кои ќе ги предводи хечбекот „I.D.“.

„Volkswagen“ при конструирањето на „осмицата“ ќе ја користи подобрената верзија на модуларната „MQB“ механичка платформа, која благодарејќи на употребата на полесни материјали ќе има за 70 kg помала маса од постоечката.

„VW“ ќе остане доследен на својот „еволутивен дизајн“ на надворешноста, па не треба да се очекуваат големи промени во екстериерот на возилото. Сепак, новиот „Golf“ ќе има викта линија и малку понизок преден дел, со нови „LED“ фарови.

Позади е предвидена уште еден стилски новитет – името на моделот ќе биде впечатлив и нагласен, а ќе се наоѓа на средината на вратата на багажникот, слично како кај моделот „Arteon“.

Значително поголеми промени се очекуваат во кабината на автомобилот. Во склад со моменталните трендови во авто-индустријата, повеќето физички команди – копчињата и прекинувачите, ќе бидат заменети со команди на „toucscreen“ екранот на мултимедијалнот систем.

Кога станува збор за моторизацијата, покрај неизбежните бензинци и дизели, „Golf 8“ ќе има и нова верзија со т.н. „благ“ хибриден погон кој ќе користи 48-волтен електричен систем.

„Хибридниот погон ќе одигра важна улога во новиот „Golf“, со оглед дека ќе дебитира токму на тој модел“, изјави првиот човек на компанијата, Херберг Диес и додаде дека овој вид на погон по „Golf“ најверојатно ќе биде применет и во други модели на „VW“.

По скандалот со дизел мотори кој и нанесе штета на „Volkswagen“ и раст на трошоците за изработка на дизел мотори со цел да се задоволат еколошките стандарди, „благиот“ хибриден погон ќе претставува соодветна алтернатива на дизелите – ќе бидат „зелени“, а во истовреме и економични.

„Volkswagen“ ќе го задржи постоечкиот четирициндарски 1.5-литарски турбо бензинец, a наместо актуелниот 1.6-литарски дизел, предвиден е нов дизел мотор со зафатнина од 1.5-литри. По регуларната верзија на „Golf 8“, ќе следи и спортските модели „Golf GTI“ и „Golf R“, со моќност меѓу 250 и 350 ks.

„Plug-in hibrid GTE“ исто така ќе биде во понудата, но не и електричниот „e-Golf“, кој ќе го замени моделот на струја од споменатата „I.D.“ генерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП