20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕFarmhouse - Импресивен имот кој остава без здив (фото)

Farmhouse – Импресивен имот кој остава без здив (фото)

Овој бајковит имот познат под едноставното име – Farmhouse, најверојатно е најимпресивниот имот во Пит Медоус…

Сега, овој живописен имот кој често бил користен за потребите на Холивуд, е достапен за купување по цена од пет милиони долари. Сместен на површина од 9,83 хектари, во близина на центарот на Ванкувер, овој семеен имот се состои од вкупно пет градби – главна вила од околу 1.000 квадратни метри, која се користи како простор за забава, потоа помала вила со апартмани за гости, и одвоени станбени единици за персоналот како и штали.

Вкупно овие градби имаат околу 3.000 квадратни метри. Прекрасните градини и големото езеро, како и двата моста дополнително го разубавуваат овој имот. Исто така овде се наоѓаат и седум хектари малини, кои ќе ви донесат околу 300.000 долари годишно, доколку овој имот стане ваш. Камената фасада во комбинација со дрвените елементи му дава на овој имот старински шарм, кој во ентериерот е прекинат со најмодерните погодности.

Во моментов овој имот се користи како локација за одржување на венчавки и други прослави. Имотот ви овозможува целосна приватност во луксузниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП