Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,304.71 0%    CEVI 1,144.00 0%    GRNT 762.38 0.86%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,700.00 0.01%    OHB 4,767.86 -0.67%    RMDEN15 95.10 0.11%    RZUS 107.89 1.78%    STB 910.00 -1.09%    STIL 127.00 -2.31%    TNB 13,100.00 0%    TPLF 1,500.00 -1.69%    UNI 1,870.00 -1.03%    ZILU 151.00 -2.58%    

Tip of the week: Како требало, така ќе биде!

Време: 14:14

Датум: ноември 30, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Возбуден од неодамна лансираниот концепт за интернационализација на Прирачникот „Tip of the Week“, во разговор со еден пријател, му раскажувам колку сум загрижен за тоа што ќе се случи, каков ќе биде резултатот! Тој ми вели, „како требало, така ќе биде”.

Никогаш досега не бил искористен некој неделен совет како промотивен канал за пласирање на некоја реклама. Но, во овој(и веројатно во неколку наредни) ќе го употребиме за промоција на кампањата на Tip of the Week на Kickstarter, за развој на Балканско издание кое ќе се промовира на светскиот пазар. Ќе ни биде од огромна помош доколку го споделите овој линк  со вашите контакти (тука и во странство) кои сметате дека би сакале да не поддржат или и вие самите да купите или да донирате(минимумот е $1), доколку ви се допаѓа концептот. Ви благодариме однапред”.   

Едноставно кажано. Народна мудрост на место. На крајот, во секој случај, како требало така и ќе биде. Колку и ние да мислиме, да се нервираме, да се потресуваме, да дигаме паника и губиме енергија „туфкајќи”, на крај ќе биде така како што требало да биде. И јас пробувам да се водам од тоа правило. Ако нешто се случило значи требало да се случи. „Ми се скрши вазната, многу драга ми беше, специјален подарок”, тоа е, се скршила, гледаме што може да извлечеме како поука и продолжуваме понатаму.

Од една перспектива (кога нешто веќе се случило), можеби е така. Прашањето тука е, дали ние може да направиме нешто пред да се случи некоја работа / активност / проект, за да влијаеме подобро на она што можеби и требало да се случи?! Дали, ако седиме и ништо не правиме или, од друга страна, активно работиме на некоја задача (посветено и трудољубиво), крајниот резултат ќе биде како што требало да биде. Во секој случај да, но секако резултатот ќе биде различен во двата случаи.

За да го промениме крајниот резултат, пред сè мора да има акција. Акцијата е таа што ќе влијае на резултатот. Ако сакате да ви се реализира позитивно некој проект, посветете се најдобро што знаете, бидете тим и насочете ги своите сили и знаење кон остварување на таа цел. Ако забележавте во горниот пасус, наведов листа на работи што ги правиме кога очекуваме да се случи некоја важна работа, но не пишав „акција”. Генерално, тоа и ни се случува, паничиме повеќе отколку што правиме, а треба да бидеме луѓе од акција.

Идеи и само мислење, не носи успех. Она што го прави нешто успешно или не, е акцијата.

Како да се биде човек од акција:

  1. Енергија: мора да имате вишок на енергија. Вежбајте.
  2. Храброст: влегувајте во непознато. Тестирајте си ги можностите и соочете се со стравовите.
  3. Посветеност: фокус, деталност и најголема професионалност во работењето
  4. Активност: работете и кога не ви се работи. Тоа е најголемата умешност и главен фактор за менување на кодот за неактивност (мрза).
  5. Без паника: ние најмногу паничиме дека правиме претпоставки, што може да се случи (а генерално ни доаѓаат негативните сценарија)! Но, вие треба да видете што може да направите во моментот со цел да влијаете позитивно на резултатот. И делувајте! Друго што ќе се случи, не мислете многу.

И на крајот, пак ќе испадне „како требало, така ќе биде”. Но, мора да бидеме луѓе од акција, со цел да ја промените структурата и нивото на квалитет на реализација на поговорката.

Со успех во промените,

 

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Пауза!

    Tip of the week: Пауза!

    Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека „немаме време”?!…

  • КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    КОЛУМНА: Предстечајно решение – Санатор

    Во една од претходните колумни кога пишував за кредитниот мораториум, пишував и за така нареченото стручно тело кое треба да биде еден вид предстечаен управник…

  • Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Tip of the week: Поддршка на проект или акција

    Сигурен сум дека поголемиот број од вас знаат, но за тие кои не знаат, од неодамна го лансиравме концептот за интернационализација на Прирачникот „Tip of…

  • КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Аград и Биград – М-р Раде Чоловиќ

    Сакам да ви прераскажам една приказна која ја прочитав пред повеќе години во еден учебник по англиски јазик. Во времето кога градовите биле кнежевства си…

  • КОЛУМНА: Белата чума во Македонија – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Белата чума во Македонија – М-р Раде Чоловиќ

    Еден мој пријател, Струмичанец на свои 49-50 години, до пред неколку години мака мачеше да најде работа. Во изминатава година без проблем  ја смени работата…

  • КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Пензионерски села – М-р Раде Чоловиќ

    Веќе на двапати, во разговор со двајца различни луѓе, ми кажуваа за инженер, французин, кој што живее повремено во село Јанче. Во ова убаво горнореканско…

  • Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Tip of the week: Заглавени со премногу обврски

    Многу обврски! Многу различни задачи! Многу кратко време! Дали се наоѓате понекогаш во ваква ситуација? Доколку одговорите:Постојано: тогаш нешто не е во ред! Или со…

  • КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Чистотата и душата – М-р Раде Чоловиќ

    Според насловот можеби можете да претпоставите дека оваа колумна е на тема Општата или јавна чистота. Секоја година имам чувство дека градот ни е повалкан…

  • Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Tip of the week: Имам идеја! И сега што!?

    Остварувањето на идеите, односно тестирање на некоја идеја, досега никогаш не било полесно. Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација каде што имале генијална…

  • КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Служење воен рок – М-р Раде Чоловиќ

    Јас ја имав среќата (или несреќата) да бидам еден од оние кои бевме последна септемвриска класа во Југословенската Народна Армија (ЈНА). Среќа затоа што имам…