29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes CLS зa 2018-та (фото+видео)

Mercedes CLS зa 2018-та (фото+видео)

Светската премиера на третата генерација на купе лимузината „CLS“ се одржа на саемот за автомобили во Лос Анџелес. „Mercedes“ при оваа прилика ги откри и техничките детали на ова возило кое на европскиот пазар ќе пристигне во март 2018-та.

Со дизајнот на новиот „CLS“ се запознавме преку фотографиите кои се појавија во почетокот на неделата, а сега е позната и моторизацијата на овој автомобил, како и другите технички детали.

Врз основа на досегашните коментари може да се заклучи дека изгледот на овој автомобил предизвика различни реакции и контрадикторни мислења.

Во суштина, тоа е вообичаено за сите модели чија претходна генерација имала складен дизајн по кој била претпознатлива, а новата има тешка задача да ја продолжи таа традиција и во исто време да биде свежа и модерна.

Времето и резултатите од продажбата на новиот „CLS“ ќе покаже дали „Mercedes“ успеа во своите намери да го модернизира автомобилот, а суштински да не го промени неговиот карактер и позицијата на пазарот.

Кога станува збор за внатрешноста, возилото е опремено со широки дисплеи кои имаат двојна функција – левиот ја менува класичната инструмент табла, а десниот го опслужува мултимедијалниот систем „CLS“.

Од „Mercedes“ велат дека оваа конфигурација е изборна, што значи дека во основната опрема на купувачите ќе им биде понудена конвенционална инструмент табла.

Покрај тоа, ентериерот на новиот „CLS“ го украсува и амбиенталните светла, кои ќе го воодушеват буквално секого. Производителот објаснува дека на располагање се 64 различни нијанси на ова осветлување, кое дури ги осветлува и отворите за вентилација.

Интересен детал е дека светлото ја менува бојата во склад со промената на температурата во клима уредот – кога е поладно, свети сино, а кога е топло, бојата е црвена.

Што се однесува до кабината, важно е да се додаде дека „CLS“ е вистински, функционален петосед, задната клупа е делива во однос 40/20/40, a капацитетот на багажникот е 520 литри.

Новиот „CLS“ превзема доста современи технологии кои ги има најлуксузниот „Mercedes“, „S Сlasѕ“. На располагање се бројни системи за асистенција кои се дел од стандардната опрема и кои возењето го прават комфорно и безбедно (Active Brake Assist, Lane Keeping Assist, Attention Assist, Speed Limit Assist, PRE-SAFE).

Меѓу изборните технологии се: „Driving Assistance“ пакетот кој ги содржи системите „Active Distance Control“, „Active Steering Assist“, „Active Speed Limit Assist“, „Active Brake Assist“, „Evasive Steering Assist“, „Active Blind Spot Assist“, „Active Lane Keeping Assist“ и „PRE-SAFE Plus“.

Покрај тоа, достапни се и комплетни „LED“ фарови, вклучувајќи и долги „LED“ светла кои го осветлуваат патот на одалеченост од преку 650 метри од возилото.

Во почетокот, на купувачите на третата генерација на „Mercedes CLS“ ќе им бидат достапни три мотори – два дизели и еден бензинец.

Бензинската опција е застапена преку „CLS 450 4MATIC“, со шестцилиндарски мотор од 370 ks и 500 Nm. Oвој мотор има поддршка во вид на т.н. „благ“ хибриден погон, кој се состои од 48-волтен електричен систем, кој по потреба вбризгува дополнителна моќ од 22 ks и 250 Nm.

Производителот тврди дека просечната потрошувачка во комбиниран режим изнесува 7,5 l/100 km, а забрзувањето од 0 дo 100 km/h е 4,8 секунди.

Двата дизели исто така користат 3.0 литарски мотор со 6 цилиндри. Во помоќниот, „CLS 400d“, погонската единица испорачува 340 ks и 700 Nm, a послабиот, „CLS 350d“, произведува 286 ks и 600 Nm. Фабрички декларираната потрошувачка на двете верзии е 5,6 l/100 km.

„CLS 400d“ дo „стотка“ стигнува за 5 секунди, а „CLS 350d“ зa 5,7 секунди.

Според некои најави, „Mercedes“ во јануари, на саемот во Детроит, би требало да ја претстави „CLS 53 Hybrid“, со комбинирана моќ од околу 430 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП