24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВелите дека iPhone X е скап? Смартфонот Alpha-One чини дури 2.500 долари...

Велите дека iPhone X е скап? Смартфонот Alpha-One чини дури 2.500 долари (видео)

Паметниот телефон „Alpha-One“ го произведе компанијата „Lamborgini“ и неговата цена изнесува 2.500 долари.

Премиум уредот е направен само за одреден број на луѓе (кои можат да си го дозволат) и претставува квалитетно „парче“ технологија.

Направен е од метал и кожа и на прв поглед изгледа гламурозно, а кога збориме за опциите секако ги следи трендовите. Уредот не се разликува премногу од својата конкуренција – „AMOLED“ екран од 5,5 инчи, 4GB RAM, 64GB меморија, камера од 20MP и батерија од 3.250mAh.

Смартфонот се отклучува со отпечаток од прстот, а доаѓа со оперативниот систем „Android“ и тоа во последната верзија „Oreo 8.0“.

Еднинствена, а можеби и најважната маана на овој телефон од 2.500 долари е тоа што во некои случаи е бавен и секако не вреди толку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП