19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСоветот на Џеф Безос кој му донел успех

Советот на Џеф Безос кој му донел успех

Има многу начини да се донесе тешка одлука, и Рене Декарт расправал на таа тема:

Сепак, некогаш анализата не помага и би требало да воспоставиме некој свој систем, за да можеме веднаш со себе да бидеме на чисто дали таа одлука има смисла или не. Еве како тоа го прави основачот на компанијата Amazon, Џеф Безос.

Нема сомнеж дека Безос е успешен. Неодамна наместо Бил Гејтс тој го зазема местото на најбогатиот човек во светот, а во текот на својата кариера донел безброј одлуки кои имале големо влијание на тоа како сите купуваат.

За време на интервјуто на почетокот на месецот, на самиот „LA 17“, Безос изјави дека кога треба да донесе важни животни одлуки си замислува дека има 80 години. Тогаш, како што изјави, го намалува сожалувањето и благодарение на тоа донесува исправни одлуки.

Што значи тоа? Некогаш на одлуката гледаме премногу „тесно“, не можеме веднаш да ги отргнеме емоциите и да ја согледаме широката слика. Сепак, кога ќе донесеме важна одлука, доколку и понатаму не сме сигурни, би требало да помислиме што за тоа би мислеле за 20, 30, 40 години…. Дали тоа ќе ви донесе нешто добро, дали ќе ви го промени животот?

Очигледно е дека и Безос така функционира. Без сожалување кон другите но и кон себе – можеби сега ви е тешко, но за неколку години тоа ќе ви донесе многу нешта.

Значи, запрашајте се „Што постариот јас би мислел за тоа?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП