19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Форд“ планира затворање на погоните во Австралија

„Форд“ планира затворање на погоните во Австралија

ford

Американскиот автомобилски гигант „Форд“ денеска соопшти дека во текот на 2016 година планира да ги затвори своите две фабрики во Австралија и целосно да го запре производството на автомобили во оваа земја, како резултат на зголемените трошоци за производство и падот на цените на возилата.

Првиот човек на филијалата на „Форд“ во Австралија, Боб Грацијано информира дека со ваквата одлука на раководството на компанијата без работа ќе останат 1.200 лица.

Според Грацијано, одлуката за затворање на погоните во Австралија е последица на тоа што во последните пет години тие оствариле загуба од 600 милиони австралиски долари (580 милиони американски долари).

Својата прва фабрика во Австралија „Форд“ ја отворил уште во 1925 година и од тогаш компанијата прерасна во трет најголем производител на автомобили во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП