20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУникатниот хотел La Bastide de Marie (фото)

Уникатниот хотел La Bastide de Marie (фото)

Полиња од лаванда, грмушки од рози и ароматичен рузмарин – различни мириси кои го карактеризираат францускиот регион Прованс, во кој се наоѓа овој уникатен хотел „La Bastide de Marie“.

Сопственици се двајца надарени хотелиери – Јаков и Џен Лук, пар кој вистински го разбира спојот на удобност и елеганција.

Идејата за овој објект е поврзана со желбата на Јаков да создаде нешто ново што не би изгледало ни малку слично на околните хотели.

Старата домашна атмосфера е сосема зачувана во ентериерот. Сите 14 соби се луксузно опремени, во уникатен и препознатлив француски стил.

Сопствениците точно знаат што им е неопходно на нивните гости, па затоа покрај хотелот се наоѓа огромна градина опколена со лозје.

Во вечерните часови гостите имаат можност да уживаат во бесплатните француски специјалитети приготвени со многу љубов.

Темпото на живот во овој хотел се успорува, а душата и телото вистински може да се одморат.

Барот, лежалките и прекрасната природа создаваат одлична атмосфера која ќе ви пружи неверојатно уживање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП