25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо третиот квартал беа продадени 1 милион очила за виртуелна реалност

Во третиот квартал беа продадени 1 милион очила за виртуелна реалност

1 милион очила за виртуелна реалност биле продадени во рамките на кварталот, кој заврши на 30-ти септември, покажува новиот извештај на „Canalys“, цитиран од „VentureBeat“. За прв пат во еден крвартал, се продадени толку многу уреди од овој тип.

Што доведе до таква инерција? Колапсот на цените, вели „Canalys“.

„Доаѓањето на виртуелната реалност во корисничкиот сегмент е силно зависна од цената и стратегијата на „Oculus“ за намалување на цените, што дефинитивно помогна“, коментира аналитичарот на „Canalys“, Винсент Тилке.

Во третиот квартал, „Sony“ го стекна приматот на лидер во пазарниот удел со 490.000 продадени „PlayStation VR“ очила. „Oculus“ на „Facebook“ е второ место со 210.000 продадени Rift очила. Трета позиција е за „HTC“, која продаде 160.000 примероци од „Vive VR“.

Овие три компании доминираат со околу 86% од пазарот за очила за виртуелна реалност за третиот квартал.

Тилке истакнува дека намалената цена на „Rift“ (399 долари) во текот на летото помогна да се зголеми продажбата на очилата. Овој успех го натера „Oculus“ конечно да ја намали цената овој месец до ова ниво.

Во меѓувреме, поактивна употреба на очила за виртуелна реалност во Јапонија го поттикнува „Sony“.

„„Sony“ е добро позициониран да го искористи зголемениот интерес за виртуелната реалност“, коментира аналитичарот на „Canalys“, Џејсон Лоу. „„Sony“ доминира на јапонскиот пазар на очила за виртуелна реалност, откако ги пушти „PlayStation VR“, заземајќи над 80% удел“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП