19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПостојат 10 типови на колеги - Во која група припаѓате?

Постојат 10 типови на колеги – Во која група припаѓате?

Некои колеги ги сакате, други пак не ви се драги. А психологот Линда Шау знае и зошто. Во своето истражување открила дека луѓето на работа можат да се поделат во десет категории. Воедно дефинирала и кои од нив се најпопуларни, а кои не се омилени меѓу колегите.

1. Измамник – овој тип не се истакнува многу, но секогаш ја завршува работата. Сака да игра на сигурно и не сака да се изложува на ризици а сака само да се заштити себе си.

2. Раскажувач – тој постојано нешто има да каже и не се „гаси“. Во канцеларија, во кујна…. Овој тип во секој момент знае што се случува на работа бидејќи постојано е во тек.

3. Комедијант – секогаш е во центар на вниманието и ги засмејува сите околу себе.

4. Работохолик – прв доаѓа на работа и последен си оди. Работата е неговиот живот. Многумина се прашуваат дали можеби и спие во канцеларија.

5. Делегатор – тоа е оној кој ја префрла работата на другите веднаш штом ќе добие некое задолжение.

6. Голем говорник – секогаш ќе бидете информирани за секој негов успех бидејќи овој тип на колега едноставно не може а да не се пофали на глас.

7. Мултитаскер – на никого не му е јасно како тој секогаш постигнува да работи толку многу работи во исто време. Што е најважно, делува како да ги работи со леснотија.

8. Срамежливец – овој тип не е претерано друштвен и главно гледа само на својата работа.

9. Микроменаџер – опседнат е со тоа секогаш да мора да биде прв во се. Тоа е човек пред своето време.

10. Шармер – тој говори со милозвучен и заводлив глас, може да се извлече од секоја ситуација со својот шармерски настап.

Шау вели дека најголема почит ужива измамникот, колку и да е тоа контрадикторно, можеби затоа што знае секоја ситуцација да ја сврти во своја корист. Од друга страна, кога ќе ги сретнат во ходникот големиот говорник или микроменаџерот, повеќето од колегите ќе ја завртат главата и ќе заминат во друга насока.

Раскажувачите, кои постојано зборуваат каде и да се, се вториот најчест тип на колеги, веднаш зад работохоличарот кој живее за својата работа. Со големиот говорник најтешко е да соработувате, а за микроменаџерот се смета дека му е потребна најголема поддршка за да биде продуктивен на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП