23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Amarok е пикап на годината

Volkswagen Amarok е пикап на годината

„Volkswagen Amarok“ е победник на престижниот натпревар „International Pick-up Award 2018“ (IPUA 2018). Како и неговиот претходник од 2010-та година, новиот „Amarok“ со „V6“ мотор беше избран за најдобар пикап од жирито, составено од автомобилски новинари.

Според нив, главните оружја на „Amarok“ се импресивниот дизајн, одличните склопови и квалитетот во кабината. На жирито им се допаднало уште поголемиот простор во двојната кабина, каде спокојно може да се собере 5 лица. Највисоки оценки добиваат и седиштата „ergoComfort“.

Меѓу достоинствното на пикапот се наведени и 8-брзинскиот автоматски менувач и најдобрите во сегментот карактеристики на „V6“ моторот. Тоа е 3,0-литарски дизел „TDI“ со моќност 245 КС во режим „Overboost“. Според информациите во првите 9 месеци од 2017-та година од „Amarok“ биле продадени 65.200 примероци во целиот свет, што е за 13,2% од истиот период од минатата година.

Самата награда „Најдобар пикап на годината“ (IPUA) се доделува на секои две години како дел од конкурсот „Најдобар товарен автомобил на годината“ (IvotY). Победникот се одредува по гласањето од новинари од 25 држави, кои ги оценуваат претендентите по предефинирани критериуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП