25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвечена промоција на 9. генерација дипломци и 7. генерација магистри на УТМС

Свечена промоција на 9. генерација дипломци и 7. генерација магистри на УТМС

Во Македонската опера и балет вчера се одржа уникатна и свечена промоција на деветтата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на седмата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Настанот ги обедини дипломците и магистрите како креатори на иднината со академската структура, бизнис-заедницата, меѓународната и дипломатската заедница во Р. Македонија, граѓанскиот сектор и сите пријатели на образованието како фундаментална алка за спој на сегашноста со иднината. Сосема заслужено дипломците и магистрите на горделив начин ги примија своите дипломи со кои ќе продолжат да чекорат во иднина. Со ова одликување димпломираните студенти и магистри на УТМС добиваат меѓународно призната диплома, особено со TedQual сертификацијата, се стекнуваат со конкурентска предност на глобалниот пазар на труд.

Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Аце Миленковски, во својот говор метафорично, цитирајќи врвни македонски авторски имиња, им се обрати на дипломците со длабока порака за иднината, упорноста, издржливоста и честа укажувајќи притоа на важноста на образованието. Во тој контекст ректорот истакна: ,,Да се биде одговорен човек е да се биде пиреј! Ветришта секогаш дувале и ќе дуваат, бури имало и ќе има, но она што човека го прави вечен, она што секој од нас го прави пиреј е знаењето! Затоа што само знаењето го претвора детето во човек, простиот во мудрец, сиромавиот во богат, грешниот во благородник“.

Понатаму во својот говор ректорот изрази благодарност до сите соработници на УТМС од земјата и странство.

На свеченоста беа доделени награди и признанија на вработени со врвни достигнувања во образовната и научноистражувачката работа на УТМС.

Свечената церемонија беше збогатена со балетот Simply the best, специјално дизајниран за Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, кој претставува метафора за развојот и профилирањето на личноста од детството, првите училишни денови, средношколскиот живот, процесот на моделирање на младите лидери, нивната трансформација од матуранти во студенти, а потоа и во професионалци во деловниот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП