29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот е над 9.000 долари

Цената на биткоинот е над 9.000 долари

Цената на дигиталната валута биткоин за прв пат ја мина границата од 9.000 долари и тоа само шест дена откако достигна 8.000 долари. Така криптовалутата постигна раст од над 850% од почетокот на годината, па досега.

Цената на најголемата криптовалута по пазарна вредност се зголемува, бидејќи таа добива поголемо внимание и покрај предупредувањата за „балон“. Сите финансиски експерти – од директорите на „Wall Street“ до ризичните капиталисти, многу внимателно ги објавуваат своите претпоставки и мисли за дигиталната валута, а некои се поскептични од останатите, коментира „Bloomberg“.

Сепак, не само ризичните инвеститори обрнуваат внимание на најпопуларната криптовалута. Во последните 12 месеци бројот на сметките во трговската берза „Coinbase“ се зголемува до 13 милиони, а тоа претставува тројно зголемување.

Цената на биткоинот се искачи на рекордно ниво од 9.518 долари пред некои инвеститори да почнат да повлекуваат дел од профитот, покажуваат комбинираните цени на „Bloomberg“.

Во моментот кога се објавува текстот, цената на биткоинот продолжи да расте и достигна 9.732 долари, па се поставува прашањето кога оваа валута ќе ја достигне границата од 10.000 долари, поради тоа што некои очекуваа тоа да се случи до крајот на годината.

Вкупната пазарна капитализација на дигиталните валути сега е над 300 милијарди долари, покажува статистика на вебсајтот Coinmarketcap.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП