19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со мала до умерена облачност

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Температурата во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла, а од срединаа на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата до 12 степени.

И во недела претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер. Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.

До понеделник наутро минималната температура ќе е во постепен пораст, а потоа умерено ќе опадне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП