23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti го покажа новиот QX50 (фото+видео)

Infiniti го покажа новиот QX50 (фото+видео)

„Infiniti“ ја претстави сериската верзија на крсоверот „QX50“. Дебито на моделот пред публиката ќе се одржи на крајот од месецот на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Продажбата во Европа започнува на почетокот од следната година, а главниот конкурент е „BMW X3“.

Должината на кросоверот е 4.693 mm, а волуменот на багажникот е 895 литри. Со задните седишта надолу, достигнува 1.048 литри. Кросоверот добил помала решетка на ладилникот, променет преден браник, разни воздушни доводи и престилки. Генерално, сепак, дизајнот не се разликува од оној на прототипот прикажан на почетокот на годината во Детроит.

Автомобилот е опремен со 2.0-литарски „VC-Turbo“ четири цилиндричен бензински мотор. Моќноста на моторот е 268 КС и 380 Nm вртежен момент. Со тоа кросоверот ќе забрза од 0 до 100 км/ч и ќе развие максимална брзина од 230 км/ч.

Новиот „Infiniti QX50“, исто така, има полу-автоматски систем за управување со „ProPilot“. Со него, електрониката го презема управувањето, го одржува возилото во лентата, а исто така го контролира и педалот за гас и сопирачката. Системот функционира и на автопатиштата и во градскиот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП