19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКај Бардовци и Злокуќани нова еко населба

Кај Бардовци и Злокуќани нова еко населба

Општина Карпош ќе стане првата локална самоуправа која ќе го примени концептот за еко населба која ќе користи обновливи извори на енергија.

Ова, било главната тема на разговорите помеѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од Проектот за користење на обновливи извори на енергија “Cool – Heating”, информираат од општината.

Оттаму појаснуваат дека целта на имплементација на проектот е да го поддржи спроведувањето на системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија, на среден и подолг рок, како трајна супституција на традиционалниот начин на затоплување кое е и еден од изворите на контаминација на воздухот.

„Во период кога загадувањето е еден од најгорливите проблеми на Општината, постои вистинска посветеност и елан, и од страна на локалната самоуправа, но и од другите засегнати страни да дојдеме до нови, современи решенија за греење и ладење. Во овој проект е вклучен и еден од најдобрите студенти на Електро – техничкиот факултет во Скопје, Владимир Ѓоргиевски“, велат од Општина Карпош.

Се додава дека Ѓоргиевски ја презентирал можноста Општина Карпош да добие нова еко населба во близина на Бардовци и Злокуќани, која ќе ги применува овие системи за греење и ладење, а презентацијата на идејата е врз основа на претходна анализа, истражување и проект, наменски изработени за овој дел од Карпош, во партнерство со земји како Австрија, Германија и Данска.

Градоначалникот Богоев посочил дека ова е одлична шанса за Карпош, но и за Градот Скопје, да бидеме меѓу единствените во регионот кои имаат целосна енергетски – ефикасна населба. Придобивките од овие системи за греење и ладење се големи. Истите овозможуваат пониски трошоци за граѓаните, а се корисни и за целата животна средина.

Меѓудругото, ова е можност и за урбанизација на помалку развиените делови во Општината, за нивно облагородување и развој во еко зони за живеење, информираат од Општина Карпош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП