25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДецата со говорни проблеми ќе добијат бесплатни прегледи

Децата со говорни проблеми ќе добијат бесплатни прегледи

Под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“ здружението „Интеракција плус“ од Скопје организира нова голема акција, која ќе трае до 31 декември оваа година.

Здружението организира бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на децатa од сите возрасти, a пpегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и процена од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала.

Целта на акцијата е да не остане непрегледано ниедно дете и да има што помалку деца со говорни проблеми. За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани може да се обратат на телефоните: (071) 973 362 и (078) 245 484 секој работен ден од 13 до 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП