19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје објави јавен повик за финансирање проекти од културата

Градот Скопје објави јавен повик за финансирање проекти од културата

Град Скопје го објави јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за областите: поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското дејствување, меѓународна соработка и професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

На јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Јавниот повик е објавен во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае до 18 декември. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП