23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLyft доби уште 500 милиони долари финансирање

Lyft доби уште 500 милиони долари финансирање

Ривалот на „Uber“ – „Lyft“, доби дополнително финансирање во износ од 500 милиони долари, покажуваат документи поднесени од страна на компанијата во САД, пренесува „Ројтерс“.

Кругот за прибирање на средства е воден од „CapitalG“ на американскиот гигант „Alphabet“, и е дополнување на рундата од 1 милијарда долари, објавена во октомври.

Портпаролот на „Lyft“, Адриан Дербин ја потврди веста. Според него средствата ќе и помогнат на компанијата за споделено патување да инвестира повеќе во тоа да им служи добро на возачите и патниците.

Во октомври „Lyft“ објави дека претходниот круг за собирање на инвестиции ја зголеми нејзината оценка до 11 милијарди долари од 7,5 милијарди долари.

Новото финансирање ќе ја зголеми проценката до 11,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП