18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot затвoра фабрика во близина на Париз

Peugeot затвoра фабрика во близина на Париз

peugeot1

Францускиот производител на автомобили „Peugeot“ во рок од една година ќе ги затвори деловните простории во предградието на Париз Медон ла Форе.

Вработените ќе бидат преместени во други простории, соопшти Управата на компанијата.

„Во тешките економски услови во кои се наоѓа компанијата, се наметнува рационализацијата на сместувачките капацитети, како и прилагодувањето на величината на просторот според бројот на вработени“, изјавија претставниците на компанијата.

Како што пренесува агенцијата АФП, автомобилската компанија предвидува итно да ја стави на продажба деловната зграда во Медон ла Форе, каде во моментов се сместени службите кои се занимаваат со контрола на квалитетот, инженерингот и сервисирањето.

Во соопштението е наведено дека затворањето на објектот нема да предизвика дополнителни отпуштања на вработените, бидејќи сите вработени ќе бидат преместени најдоцна до првата половина од 2014 година.

„Се работи за обично преместување“, нагласува Управата на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП