20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 книги за инвестирањето кои би требало да ги прочитате

4 книги за инвестирањето кои би требало да ги прочитате

За да бидете во целосна контрола над вашите финансии и да станете мастер на ова поле, важно е во целост да ги разбирате сите поими и случувања на финансискиот пазар.

Дел од тоа сме го научиле преку школувањето, дел низ праксата, а дел – преку книгите и советите на успешните менаџери кои со секое ново поглавјте ни стануваат се подраги ментори. Кога станува збор за инвестирањето, овие четири наслови добија најмногу симпатии.

1. The Most Important Thing by Howard Marks

Практичните примери секако се еден од најдобрите начини нешто ново да научите. Токму Хавард низ оваа книга опиша и сподели разни совети за инвестирањето, донесувањето на финансиски одлуки, коментари за пазарите… Хавард преку својата улога на директор на Oaktree Capital Managment соработувал со бројни успешни клиенти.

2. The Intelligent Investor by Benjamin Graham

Насловот е објавен уште во 1949 година, до денес добил бројни надоградби и коментари за актуелните пазари, а сржта на книгата се однеусва на идејата за инвестирањето во вредност и постигнувањето на долгорочни цели. Ворен Бафет ја нарече најдобра книга за инвестирањето.

3. Interviews With Top Traders by Market Wizards

Во оваа класика во светот на книгите за инвестирањето, се претставени интевјуа со некои од најпознатите инвеститори со кои разговарал за тоа како да се донесе вистинска финансиска одлука.

4. One Up on Wall Street by Peter Lynch

Оваа книга ве учи како да размислувате чекор однапред и да бидете пред компанијата која штотуку ќе стане голема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП