19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАко сте подготвени за модерно живеење Џевахир Скај Сити е вистинскиот избор

Ако сте подготвени за модерно живеење Џевахир Скај Сити е вистинскиот избор

Комплексот нуди најубав поглед на градот и уникатен и модерен начин на живот, комплетно организиран и подреден на потребите на станарите

За сите оние кои имаат широки погледи, кои сакаат да излезат од стереотипите, да уживаат во модерен начин на домување и да испробаат нешто ново и несекојдневно за наши услови, а толку присутно во развиените земји, вистински избор е Џевахир Скај Сити. Највисоките кули во Македонија претставуваат модерен станбен комплекс од четири висококатници и трговски центар  со многу содржини. А оние кои се осмелија да влезат во нешто ново и непознато, кои веќе се вселија во кулата А, знаат дека направиле вистински избор.

Џевахир Скај Сити нуди таква организација на животниот простор каква што не може да се најде во ниту една друга понуда на станбени единици во земјава. Комплексот нуди најубав поглед на градот и уникатен и модерен начин на живот, комплетно организиран и подреден на потребите на станарите. Притоа, висината не претставува никаков проблем бидејќи вертикалното движење се одвива со современи, модерни и високоефикасни лифтови кои искачувањето до највисоките катови го постигнуваат за многу кратко време. Напротив, со неа се добива поголема природна светлина, вентилација и свеж воздух.

Во новиот резиденцијален комплекс сигурноста и безбедноста се високо на листата предности. Освен исклучителната градежна изведба во која се користени квалитетни материјали и се применети најнови безбедносни стандарди и технологии, кулите имаат инсталиран модерен систем за заштита од пожари, а станарите имаат и обезбедување кое 24/7 ја гарантира сигурност и безбедност, но исто така дава и сигурност дека пратки, писма и целосната пошта ќе  бидат доставена лично и на време.

Станарите во Скај сити ќе имаат и единствена можност да користат затворен базен, сауна, СПА, фитнес центар, детско ќоше и многу содржини на големиот трговски центар во кој ќе има  супермаркети и продавници на реномирани брендови.

И секако, не помалку важно е што во овој единствен станбен комплекс се добиваат супер модерни апартмани, со вградени кујнски елементи и модерна опрема за бањата, проектирани да понудат комфор за сопствениците на становите. Станови со големина од 52 до 103 квадрати по цена од 849 евра (без ДДВ) за квадрат во кулата Б им стојат на располагање на сите они кои сакаат модерно но истовремено и полесно, поекономично и попрактично живеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП