29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Дијалог“ – самостојна изложба на Јане Чаловски и Христина Ивановска

„Дијалог“ – самостојна изложба на Јане Чаловски и Христина Ивановска

Македонските уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска ќе се претстават со самостојна изложба насловена „Дијалог (форма на одговор)“, која ќе биде отворена во Музејот на современата уметност во Загреб на 25 ноември (сабота) со почеток од 19 часот. Куратор на изложбата е Бранка Бенчиќ.

Изложбата е втора од серијата од три изложби конципирана да ги собере и мапира индивидуалните и заедничките интереси на умениците, насочени кон политиките на уметничката продукција, како и институционалните контексти во кои уметниците дејствуваат.

Првиот дел од изложбениот цуклус беше изложбата „Пролог“ (форма на прашање) реализирана во септември и октомври во „Апотека“ – простор за современа уметност во Водњан, а третото и последно поглавје со наслов „Епилог“ (форма на расправа) ќе биде претставено во проектниот простор „Прес ту егзит“ и во Музејот на современата уметност во Скопје во 2018.

„Дијалог“ (форма на одговор) ги поврзува избраните дела од неодамнешната уметничка продукција на Јане Чаловски и Христина Иваноска како We Are All In This Alone претставена во македонскиот павилион на 56. Венециско биенале, 2015, Unspoken, Malmö Konstmuseuma, 2015, To Fold Within As To Hide, Bauhaus Foundation Dessau, 2015, и A Form Of An Answer, Sculpture Space, Њујорк, 2016. Изложбената поставка во Музејот на современата уметност во Загреб е замислена така што ја ревидира и ја преуреди нивната уметничка практика на самото место создавајќи контекстуална рамка во галериите на постојаната збирка на музејот раздиплувајќи ја изложбата како фрагментиран ретроспективен поглед. Со ненаметливо поврзување на избраните уметнички дела, преку прекршувања и нагласувања, тие создаваат нови видливи и невидливи поврзувања.

Уметничката практика на меѓународно афирмираните македонски уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска е комплексна и контекстуална. Се занимава со теми и концепти од архитектурата, историјата, уметничката теорија и политичката стварност за да креира нови процесни продукции, сценарија на поставки и нови знаења. Своите дела ги реализираат во разни медиуми од цртеж и текст до објект, инсталација и видео.

Изложбата е организирана од Тихомир Миловац, Музеј на современата уметност, Загреб, и Вања Жанко, „Номад“, Загреб, а продуцирано од Музејот на современата уметност и „Номад“. Поддржана е од Министерство за култура на Република Хрватска, Град Загреб и Град Скопје. Партнери во проектот се „Апотека“, простор за современа уметност, и проектниот простор „Прес ту егзит“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП