25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla ги објави цените на камионот

Tesla ги објави цените на камионот

Производителот на електрични возила „Tesla Motors“ ги објави цените за САД на својот прв камион. Моделот „Semi“ беше претставен само пред неколку дена, а ќе се нуди во две модификации – за 150.000 и 180.000 долари. Ќе се нуди и специјална верзија под името „Founders Edition“, која ќе чини 200.000 долари.

Сериското производство на товарното возило ќе стартува во 2019-та година. Првата модификација ќе нуди километража од 300 милји (482 км), а втората од 500 милји (805 км). За споредба, камион опремен со дизел мотор со внатрешно согорување може да помине со едно полнење околу 1.500 км.

Погонот на машината се одвива од 4 електромора, а со полн товар забрзува до 100 км/ч за 20 секунди. Без приколка забрзувањето трае само 5 секунди, што го прави „Semi“ најбрзиот камион на планетата.

„Вообичаените камиони имаат дизајн на штала, но „Semi“ е конструиран како куршум. Тој се справува со забрзувањето како вистински спортски автомобил“, изјави шефот на „Tesla Motors“, Илон Маск.

Раководството на компанијата веќе води преговори со властите во Невада, каде планира да го тестира камионот. Предвидено е по патиштата на државата да се појават неколку групи електрични товарни машини, целта е да се провери како тие се движат во колона во реални услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП