19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкови го заплашуваат Black Friday за Amazon во Германија и Италија

Штрајкови го заплашуваат Black Friday за Amazon во Германија и Италија

Гигантот во онлајн трговијата „Amazon“ се соочува со тежок „Black Friday“ во Италија и Германија, каде персоналот на дистрибутивните центри на компанијата ќе штрајкуваат денес, пренесе „Ројтерс“.

Во Италија ќе биде засегнат главниот дистрибутивен центар, чии вработени ќе инсистираат за подобри плати и услови за работа во клучниот ден за продажбата.

Исто како и остатокот од Европа, во последните години и Италијанците ја прифатија американската традиција за големи попусти во денот по Денот на благодарноста – т.н. „Black Friday“.

Според информација на водечките италијански синдикати над 500 работници од објектот во Кастел Сан Џовани, во северната провинција Пиаченца, нема да ги извршуваат своите должности од 6 часот наутро во петок до 6 часот наутро во саботата.

Во изјавата синдикатите ја критикуваат американската мултинационална компанија за тоа што одбива да преговара за повисоки плати и бонуси и покрај „огромниот раст“ на „Amazon“ на италијанскиот пазар, на кој работи веќе седум години.

„Има пари за редистрибуција“, велат синдикатите.

Во Германија синдикатот „Verdi“ соопшти дека вработените од шест дистрибутивни центри исто така ќе штрајкуваат како дел од долготрајниот спор околу платите и условите.

„Најголемиот онлајн трговец за малопродажба во светот сака да постигне рекордни продажби на овој ден, но вработените треба да достават рекордно не само во овој ден, за да може сè да се постигне, како што „Amazon“ сака“, коментира Штефани Нутценбергер, член на Одборот на „Verdi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП